Радио Милева
многу љубам да веслам...

Македонската фудбалерка потсети колку е „секси ѕверка“: Јулија Живиќ – влажна, разголена и солена…! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската фудбалерка потсети колку е „секси ѕверка“: Јулија Живиќ – влажна, разголена и солена…! (ФОТО+ВИДЕО)

Кумановката со адреса на живеење во Велес и клуб за кој игра од Тетово и секако,  стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција Јулија Живиќ важи за најзгодната македонска фудбалерка.

Како и фудбалската топка, популарната „бубамара“, која по боите оддамна не „бубамара“, така и фудбалерките оддамна не се она што се мисли: незграпни, груби, машкобањасти… напротив! Русокосата убавица е жив доказ дека убавината и „најважната споредна работа на светот“ можат да одат заедно, дека високите потпетици секогаш може да ги замениш со „копачки“, фустанот со дрес, тангата со спортски гаќички, хулахопките и мрежестите чорапи со спортски.

Нежност и убавина, преточени во машка храброст и вештина, тоа е Јулија. Но само на зелениот терен, каде умеењето со топката ја направи популарна девојката која пак со својот телесен раскош плени, колку на и теренот, уште повеќе надвор од него.

Конечно, дека „око не лаже“ најдобар пример се последните фотографии на Јулија која има што да покаже. Имено, македонската репрезентативка уживаше во последните денови од летото на море.

За да не и стане здодевно сончањето и пливањето, Јулија реши малку да се позанимава и со нешто друго, што веројатно најчесто кај нас го практикуваат охриѓани, опеано во онаа познатата: „Многу љубам да веслам…“!

Само што Јулија наместо да седи, клечи на колена!  Првото додека се вози и весла, а второто додека позира, кога се снима и се фотографира!

Токму таква, сексапилната убавица се сликала на СУП даска – (Stand Up Paddle), па фотографиите ги споделила со јавноста на Инстаграм.

СУП всушност е спортска активност на вода со помош на даска и весло, во која веслачот стои на даската и го користи лопатките од веслото за да се движи низ водата.

Велат дека во моментов токму СУП е најбрзо растечки спорт во светот.

А Јулија, најбрзо растечката спортска убавица во Македонија, овој пат во црни танга бикини, клекната на даската ги истакнала своите телесни облини… И однапред и одзади, додека клечи и весла… Или само се слика.

Чисто онака,  за македонската фудбалерка да потсети колку е „секси ѕверка“!

Јулија Живиќ – влажна, разголена и солена… од долу до горе, тазе сликана на море!

Фото: Инстаграм принтскрин/zivic.julija

Останати вести од Радио Милева