Радио Милева
желби и барања во пет прашања

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска си направи генерална проба за интервју на Инстаграм: „Сакам да бидам ѕвезда, да имам многу пари и паркинг пред станот“ (ФОТО)

Македонската фолкерка  Марија Луиса Тодоровска си направи генерална проба за интервју на Инстаграм: „Сакам да бидам ѕвезда, да имам многу пари и паркинг пред станот“ (ФОТО)

Новогодишните празници се веројатно најдобриот период за заработка и „жетва на бакшиш“  кај пејачите. Кај сите, па и нашите, македонски естрадни уметници и тоа од сите жанрови, ама најмногу за фолкерите, зашто кај нив бакшишот е извесен, опиплив и богат.

Нејсе, настапи за разлика од лани, кога локалите, кафеаните, кафулињата клубовите беа во „локдаун“, годинава работеа со полна пареа, а со тоа и естрадата имаше каде пристојно да заработи за живот и нешто малку повеќе од тоа.

Една од оние кои имаа(т) речиси секојдневни настапи откако привремено се пресели од Битола во Скопје е и се’ поекспонираната фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска.

На „македонската Северина“ – како што ја нарекуваат пејачката заради „домашното жешко видео“ од пред неколку години, по се’ изгледа дека и тргна, а кога ќе ти тргне почнуваш да размислуваш и мечтаеш за остварување на соништата… За сето она што би сакал да бидеш, да го имаш, поседуваш, да ти се случува, за сето она што би било така убаво да си, а се’ уште не си! И нема ништо лошо во тоа да се мечтае за поубави денови, уште помалку ако си ја отвориш душата и да  си раскажеш што посакуваш.

Е сега, убаво би било кога веќе си естраден уметник, сето ова да го раскажеш во некое интервју за медиумите. Марија Луиса размислувајќи на оваа тема си помислила, а што ако ја фатат неспремна, неподготвена, па да се збуни, , запелтечи, замолчи и не знае што да каже? Иако, вака наизглед, како што ја дал Гопспод не изгледа на многу срамежлива и молачалива, ама сепак…

Затоа сексапилната битолска фолкерка  реши да си направи генерална проба за евентуално интервју. И тоа јавна, на Интернет, на својот Инстаграм профил. Па дали таа или некој друг ангажирал некого трет што ќе и ги состави и постави прашањата, а таа да ги одговори –  само пејачката знае, ама затоа сите дознаа што сака да биде и да има Марија.

До душа ниту прашањата не се баш „по Блаже Конески“ поставени, ниту одговорите не се скромни, ама ова е само тренинг нели, само генерална проба, на вистинското интервју ќе биде поинаку. А интервјуто кусо, ама содржајно. Обзнанети сите желби и барања на Марија, во пет прашања.

1. Што ќе речеш за како дете ( демек каква си била кога си била дете, сака да каже, односно праша божемниот новинар)?

– Браќата ми викаа дека сум Циганка ( Ромка би требало да стои, а дали е кажано во навредлива или пофална форма, заради изгледот, гласот, песната… белким ќе појасни пејачката)!

2. Сакам: Многу пари, да бидам ѕвезда и да имам пракинг пред станот.

3. Нејќам: Да нема(м) пари, да ми е ладно и кафето, да не ми е полна чашата… а и да не заборавам:  ретардирани глупаци да не ми се вртат.

4. Од храна ( демек што обожува да јаде): Епа страсен гурман сум… Пребирам се’ и наоѓам маана на секое јадење и сакам да ги нервирам сите околу мене.

5. Како се облекуваш ( демек каква гардероба преферира):  Нема врска во што ќе сум облечена, битно е да нема поубава од мене ( Белким во околината? Или на Инстаграм?).

Епа Марија, еве ти го интервјуто. И на Инстаграм и во медиуми! Која сака нека чести… Пејачката или „новинарката“… А, може и двете во низа, ние не сме пребирливи како Марија Луиса!

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

Останати вести од Радио Милева