Радио Милева
макарони и кеш...

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска објави контроверзна фотографија, па доби непристојна порака: Кој е лош, а кој за на психијатар? (ФОТО)

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска објави контроверзна фотографија, па доби непристојна порака: Кој е лош, а кој за на психијатар? (ФОТО)

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска  полека почна да ja освојува и македонската престолнина, каде со своите настапи по најпознатите локали и кафеани во вечерните часови ја забавува публиката, односно посетителите.

Иако е веќе доволно позната, сепак, кога ќе тргнеш да крстариш по Скопје и скопскиот ноќен живот и популарноста полека почнува да ти расте. А со порастот на популарноста, расте и љубомората, нетрпението, па дури и злобата и агресијата… Конечно, не може сите да те сакаат, особено не на овие простори, каде можат да ти простат се’, само успехот – не!

Особено не, доколку им дадеш повод за „плукање“, па тоа полека да прерасне во нешто, што повеќе има допирни точки со медицината, околку со естрадата, како во последниот случај на битолската пејачка.

Имено,  Марија на својот Инстаграм најпрвин објавила контроверзна фотографија на која на масата се гледаат сварени макарони во пластичен сад и вилушка, а покрај неа купчиња од ралични банкноти евра во кеш. Фотографијата саркастично пак потпишана: „Сиромаштија“!

Веројатно сарказмот на битолската фолкерка некого го изневрвирал до таа мерка што сфаќајќи го како провокација во овие тешки времиња, решил на контроверзната фотографија да и одговори со непристојна порака. На истата пејачката „соодветно возвратила“, по што преписката преминала во „собрани дела“ од лични навреди од обете страни.

До душа, оние на  испровоцираниот или испровоцираната се малку повулгарни и во пожестоки дози, а оние на пејачката, повеќе како психијатриски препораки и дијагнози!

Во секој случај брука, заради недолично Интернет препукување кое кулминира со скандалозно однесување и едно прашање: „Кој е овде лош, а кој  за на психијатар“?

Фото: Инстаграм ринтскрин/luisa.todorovska

Останати вести од Радио Милева