Радио Милева
само да е весело...

Македонската фолкерка Даниела Темелковска го ожени синот: Свадбата весела, свекрвата највесела, згодна и елегантна со микрофонот в рака (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската фолкерка Даниела Темелковска го ожени синот: Свадбата весела, свекрвата највесела, згодна и елегантна со микрофонот в рака (ФОТО+ВИДЕО)

Познатата македонска фолк пејачка Даниела Темелковска го ожени синот Даниел.

Свадбената веселба се одвивала во еден познат скопски ресторан, а некои од присутните кажуваат дека тоа била една од оние таканаречени „свадби за паметење“!

Покарај поканетите гости , роднини, другари и пријатели, тука биле и колегите од естрадата кои веселбата  направиле да биде незаборавна.

Сепак, највесела, згодна и елегентна била свекрвата, која променила два фустани. Свечена мастило сина комбинација за венчавката и жолта варијанта за семејната веселба во која главниот збор покрај младоженците го имала Даниела.

Гордата мајка и свекрва не ја криела неизмерната радост и среќата, па цела вечер играла и се веселела, а моментот на кулминација дошол кога Даниела се фатила за микрофонот.

Тогаш атмосферата експлодирала, зашто пејачката покажала дека не е само специјализирана за песни од фолк естрадата. Така во еден момент веселата и распеана мајка и свекрва запеала песна и од Северина, па тој, како и некои други моменти од свадбената веселба ги споделила на својот Фејсбук профил.

За микрофонот се фатиле и други колеги, како и  и нејзиниот син Даниел, кој исто така е пејач.

Како изгледала атмосферата на свадбената веселба кога Даниела Темелковска запеала, погледнете во видеото во продолжение:

Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Daniela Temelkovska

Останати вести од Радио Милева