Промотер

Македонската „Ѕвезда на Гранд“, Марија Груевска „гори целата“ од љубов, страст и возбуда во – „Горим сва“ (ВИДЕО)

Македонската „Ѕвезда на Гранд“, Марија Груевска „гори целата“ од љубов, страст и возбуда во – „Горим сва“ (ВИДЕО)

Марија Груевска  уште при нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“, со своите шокантно-екстравагантни стајлинзи и чудни изведби ја освојуваше публиката но и членовите на жирито. Ќерката на попот како „контроверзна калуѓерка“  или „блудна ѓаволица“ со албино питон околу вратот и ставата, ова битолчанка секогаш умееше одново да ја фасцинира јавноста со својата нова егоцентрична појава и необична музичка изведба.

Откако регионот ја запозна, сега дојде време по се изгледа таа полека да почне да го освојува и со сопствена музика, па Марија деновиве конечно, ја објави и нејзината песна, која заедно со видеозаписот за истата повторно ја разбранува јавноста.

„Горам целата“ (Горим сва) е насловот на нејзината нова песна, испеана на српски јазик, направена по теркот на „Сантана“ , во латино поп манир. Музиката ја потпишува Зоран Грујовски, додека текстот го напишал нејзиниот татко Душко Груевски, а нејзината  колешка Зорја Пајиќ, исто така поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, ги испеала придружните вокаливо песната за едно со авторот на музиката. Песната е снимена во  Тhe Backyard Studio, во Хамбург, Германија.

Марија не би била тоа по што ја паметиме, да не ја следат нови контроверзи, овој пат проткаени во мошне провокативните, а на моменти дури и бизарни кадри од спотот со кој е визуелизирана песната.

 

Во „скокотливите“ разголени страсни сцени на пејачката партнер и е всушност нејзиниот партнер и вереник во приватниот живот Синиша Стојаноски.

Додека сценариото за видеото го напишал, верувале или не, нодново нејзиниот татко, отецот Душко.

Видеоспотот пак го потпишува проверениот мајстор, познатиот македонски режисер  на видеоспотови и уметнички фотограф Дарио Јанковиќ и неговата „Генерал филм студио“ видеопродукција.

Како изгледа кога Марија „гори целата“ од љубов, страст и возбуда, погледните во видеото во продолжение:

Останати вести од Промотер