Промотер
џез ривајвал за фолк класика, ...

Македонска турбо-фолк класика во џез варијанта: Игор Џамбазов сними спот за „култ(ивира)ната“ „Жаклина“, а познатата скопска професорка е во главна улога (ВИДЕО)

Македонска турбо-фолк класика во џез варијанта: Игор Џамбазов сними спот за „култ(ивира)ната“ „Жаклина“, а познатата скопска професорка е во главна улога (ВИДЕО)

Игор Џамбазов на социјалните мрежи уште кон крајот на мај 2022 сподели видео од снимањето на обработката на еден стар македонски, некогаш новокомпониран фолк хит. Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеана од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“.

Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави… Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани.

Во почетокот на месец ноември ланската, 2021-ва година, Игор Џамбазов  влезе во студиото „Алшар“ одново да ја снима споменатата „Жаклина“,  македонска турбо-фолк класика. Тогаш на рокерите, блузерите, џезерите… на сите што го знаат и познаваат Џамбаз  им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер – турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо!  Така,  македонска турбофолк класика доби и своја џез варијанта. Досега само музичка, а отсега и визуелна!

„Конечно!!!
Го завршивме спотот за ‘Жаклина’. Некогашниот огромен фолк-хит, доби и своја џез верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Спотот е во режија на , во продукција на Гоце Трајковски. Улогата на Жаклина ја толкува професорката Татјана Алексиќ. Камера – Тони Величковски, светло – Меанџи – Сашко Стојановски. Благодарност до Кинотека на Македонија (каде што е сниман спотот)“ – напиша тогаш Џамбазов на својот Инстаграм обзнанувајќи дека наскоро ќе следува и промоцијата на новата „Жаклина“. Освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик…! „Жаклина ривајвал“…!

Во меѓувреме, едно видео на веќе готовата џез верзија на „Жаклина“  на која во неговата џез ривајвл варијанта Џамбазов и додаде и цела една, нова строфа со свои стихови, веќе беше емитувано во рамките на новогодишната програма на МТВ.

На сето ова, по пременото емитување на спотот се надоврза и споменатиот главен  лик во видеото, познатата македонска професорка, ТВ автор и водител, Татјана Алексиќ со свој коментар на Фејсбук:

„Ах мори Жаклино чупе битолско, ја помниш ли игранката во Домот на културата… Премиерно спотот, џез преработка на песната ‘Жаклина’! Благодарам на довербата, учителката е цепки, ама со Џамбазов сѐ изгледа светски“ – сподели професорката најавувајќи го видеото“.

Проследете како звучи и изгледа официјалната верзија на култ(ивира)ната верзија на „Жаклина“ (КЛИКНИ ТУКА):

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov

Останати вести од Промотер