Радио Милева
на пат кон успехот

Македонецот од Грац го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Дарко Ѓорѓески е новата ѕвезда што се раѓа? (ВИДЕО)

Македонецот од Грац го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Дарко Ѓорѓески е новата ѕвезда што се раѓа? (ВИДЕО)

И покрај тоа што веќе извесен период македонските гледачи не ги следат емисиите од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд” на ниту еден македонски ТВ канал, тоа не значи дека во истите не се натпреваруваат  македонски учесници. Еден од нив е и младиот и талентиран  Дарко Ѓорѓески (23) кој веќе пет години работи и живее во Грац, Австрија.

“Во Австрија заминав првенствено да студирам.  Потекнувам од Гостивар, а работам како DJ, продуцент, инструменталист и пејач со околу 11 години музичко искуство”.

Тој меѓудругото открива и дека главен инструмент на факултет му бил тромбонот, па така тој денес е тромбонист, а покрај тоа свири и уште неколку други инструменти.

“Пред три години сериозно почнав да се занимавам со продукција, направив мое студио и веќе позади себе имам хит кој сите го знаат “Бог и батина”. Неодамна излезе и песната која што ја снимив во соработка со Гога Секулиќ  – “Зла копија” – додава Дарко, кој е еден од нашите македонски учесници во “Ѕвездите на Гранд”.

“Искрено имав голем мерак. Како мал секогаш ја гледав таа емисија, а впрочем и нема кој не ја гледал кај нас на Балканот. Во една прилика имав можност да настапам со фолк пејачката Тања Савиќ која ме посоветува без размислување да се пријавам. И ете ја послушав”-  раскажал Дарко.

Откако го помина првиот круг и веќе е во тимот на  Цеца Ражњатовиќ вели дека деталите ќе  ги открие дури по вториот круг, каде верува дека ќе биде еден од нашите македонски натпреварувачи. Што се однесува до дочекот на Новата 2023-та година, Дарко вели дека Новата година ќе ја дочека и прослави работно, како и останатите празнични денови, а наскоро ќе се појави и неговата нова песна насловена „Плен“.

„Им благодарам на сите на подршката и пораките кои секојдневно ги добивам. Се надевам дека нема да Ве разочарам. Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници и поминете си убаво каде и да сте”, им посака Дарко на своите фанови преку „Музика24“.

Во продолжение, погледнете го настапот на Дарко Ѓорѓески во регионалното музичко ТВ шоу “Ѕвездите на Гранд”, кој можете да го проследите на 01:58:07 (КЛИКНИ ТУКА):

Фото: Фејсбук принтскрин/Darko Gjorgjeski

Видео: Јутјуб/Zvezde Granda

Останати вести од Радио Милева