Радио Милева
Roger brother - star

Македонецот Леонардо од „Роџер брадрс“, „растури“ на „The Voice“- Австралија: Публиката „полуде“, Рита Ора од жирито се крена на нозе да тверкува (ВИДЕО)

Македонецот Леонардо од „Роџер брадрс“, „растури“ на „The Voice“- Австралија: Публиката „полуде“, Рита Ора од жирито се крена на нозе да тверкува (ВИДЕО)

21-годишниот Леонардо Илиев е најмалиот од тројцата синови на Зоран Илиев, познат како Зоки – Роџер или Зоки – Пијано кој во 20216 година со семејството се отсели од македонската престолнина во Мелбурн, Австралија, каде и претходно живеел како дете.

Леонардо студира аудио продукција и создавање музика, а песната со која настапил на натпреварот „The Voice – Australia“ е негова, авторска песна и носи наслов „Nasty“ ( Валкано).

Неговиот настап кој го крена жирито и публиката на нозе, веќе има над 440.000 прегледи. Додека Леонардо рапува на сцената, неговиот татко и браќата го бодрат од зад сцената, а британската ар ен би пејачка Рита Ора која е дел од жирито, Леонардо ја крена на нозе да танцува и тверкува на неговата изведба.

Инаку, оние кои ја следат македонската естрадна поп сцена, сигурно се сеќаваат на братското рап трио „Роџер брадрс“ (ВИДЕО) од кое дел беше и Леонардо.

Тој со неговите двајца браќа, тогаш уште деца,  во 2008/2009… беа актуелни на македонска сцена како рап атракција која имаше специфичен стил на изведба, облекување, однесување и настап на сцената.

Проект кој беше идеа на нивниот татко Зоки-Роџер, на јавноста и е познат како човекот кој од својата куќа направи вистинско архитектонско и уметничко дело, инспирирано од сликарот Салвадор Дали. Тој своевремено раскажа дека се иселиле од земјава бидејќи системот не ги прифатил и дека објектот ќе го продава.

Во 20219 година пак, кога Зоки-Роџер беше веќе заминат за Австралија, еден од неговите синови, тогаш  29-годишниот Давид кој остана во Скопје, исчезна. Го бараше полицијата, апел за помош испрати и самиот татко од Мелбурн, но за среќа познатиот ТВ водител и новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки-Фаци тогаш сосема случајно ќе го пронајде исчезнатиот Давид на автопатот кај Катланово, каде бил да се прошета во мир и тишина:

„Претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одбива да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му“ – рече тогаш Зоки Фаци кој има семејна куќа во Катланово и добро го познава теренот, па кога го видел апелот  успеал да го пронајде здрав и жив.

И самиот Леонардо вели дека и нему како и на неговите браќа на почеток, по преселувањето од Скопје му било малку проблем да се прилагоди на новата средина, но од друга страна, претпоставувал дека таму ќе има повеќе можности да успее.

„Настапите се една од моите омилени работи заедно со правењето музика и интересно е затоа што веднаш гледаш како реагира публиката“, вели Леонардо.

Погледнете го неговиот настап на музичкото талент шоу „The Voice – Australia“:

Фото: Инстаграм принтскрин/leonardo_iliev/

Видео: Јутјуб/The Voice – Australia

 

Останати вести од Радио Милева