Радио Милева
тешки денови

Majката на покојниот Синан Сакиќ живее во дом без греење и со мала пензија: „Тој кога беше жив, ме чуваше“

Majката на покојниот Синан Сакиќ живее во дом без греење и со мала пензија: „Тој кога беше жив, ме чуваше“

 

Мајката на  покојниот Синан Сакиќ, Ѓулка Сакиќ тешко ги поминува старечките денови.

Имено, таа вели дека е стара и осамена, без дрва и уште неколку намирници кои и се најпотребни за да нејзината старост биде полесна.

Ѓулка живее во зградата, но без парно греење. Нема ни дрва. Пензијата која ја зема од нејзиниот починат сопруг кој беше воен музичар е премала. Во последно време нема помош од никој.

-Додека беше жив Синан ме чуваше, гледаше и помагаше како најдобар син, а после него ме чуваше синот Аган кој во последно време не е тука, си имма и тој своја мака, па почесто е во Белград, вели Ѓулка за „Новости“.

Никој друг не и помага освен неколку соседи.

-Им благодарам сите. Ме почитуваат и ме сакаат, а тоа понекогаш најдобро грее, вели мајката на Синан.

– Ја изгубив ќерката Косана, потоа него, па мојот брачен другар Рашида. Се ова е непролазно, а животот еве тече, вели таа.

Таа не сакала да открие зошто роднините не сакат да и помогнат.

фото: драгана удовичиќ/драган кадиќ/

Останати вести од Радио Милева