Радио Милева
борба која за жал ја водат многумина

Мајката на Парис Хилтон соопшти тажни вести: „Никој не знаеше колку се бори за да успее“ – на богатата наследничка не и помагаат дури ни парите!

Мајката на Парис Хилтон соопшти тажни вести: „Никој не знаеше колку се бори за да успее“ – на богатата наследничка не и помагаат дури ни парите!

По три неуспешни свршувачки, Парис Хилтон (41) го кажа судбоносното „да“ пред точно една година. Наследничката на синџир луксузни хотели, успешна деловна жена, понекогаш и реалити ѕвезда, се омажи за Картер Реума во Бел Ер, елитна населба во Лос Анџелес, на имотот што му припаѓа на нејзиниот дедо Барон.

Парис во својот документарен филм на каналот Јутјуб откри дека таа и нејзиниот сопруг сакаат деца, близнаци. Таа призна дека ги замрзнала јајцата и не сакала да ја пропушти можноста да стане мајка.

‒ Навистина сум возбудена бидејќи продолжувам на следниот чекор во мојот живот. Конечно имам вистински живот. Верувам дека смислата на животот е да имаш семејство и деца, а тоа се уште не сум го доживеала, бидејќи не чувствував дека некој ја заслужува мојата љубов така. Сега конечно најдов личност со која можам да постигнам сè – изјави богатата наследничка која не откри дали има проблем природно да остане во друга состојба, но сега тоа го потврди и нејзината мајка Кели Хилтон (63).

„Срцето ми се кине, знам колку се труди“, изјави ѕвездата на реалното шоу „Eeal Housewives of Beverly Hills“ во епизода од шоуто „E! Вести”.

‒ Толку многу луѓе се борат и тоа не се случува туку така. Постојано и велам да се опушти – рече таа и откри дека Парис Хилтон и сопругот како и многумина водат порба до потомство.

фото:EPA

Останати вести од Радио Милева