Радио Милева
сентиментална порака

Мајката на Бритни Спирс се огласи по венчавката, иако за свадбата не доби покана (Фото)

Мајката на Бритни Спирс се огласи по венчавката, иако за свадбата не доби покана (Фото)

Пејачката Бритни Спирс се омажи за долгогодишното момче Сем Асгари, а на нејзината венчавка не присуствуваа нејзините најблиски членови на семејството. Како што претходно објавија странските медиуми, Бритни на свадбата не ги поканила ниту родителите, ниту сестрата, а братот не дошол и покрај поканата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Мајката на Бритни Спирс, сепак, се огласи на Инстаграм по венчавката. Таа и коментираше на една од објавите од свадбата.

“Изгледаш блескаво и среќно. Вашата свадба е свадба од соништата. Тоа што го имаше дома е  сентиментално и посебно. Многу сум среќна за вас! Те сакам”- напишала Лин Спирс во коментарите под објавата на Инстаграм.

Иако блиските членови на нејзиното семејство не присуствуваа на венчавката, присуствуваа сестрите на Сем. Меѓу гостите беа познати личности како Мадона, Дру Баримор, Селен Гомез, Парис Хилтон и Донатела Версаче. На свадбата не присуствуваа синовите на пејачката Шон Престон и Џејден Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Фото:Принтскрин/Инстагарам/britneyspears

Останати вести од Радио Милева