Радио Милева
предана мајка

Мајката на Александра Пријовиќ со години се занимаваше со пеење, а еве зошто се откажа од кариерата

Мајката на Александра Пријовиќ со години се занимаваше со пеење, а еве зошто се откажа од кариерата

Мајката на Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ е пресреќна што нејзината ќерка тргнала по нејзините стапки.
Борка професионално пее со години, но не се знаеше многу за нејзината кариера.

Некој би рекол за жал, а некој за среќа, Борка се откажа од пејачката кариера за да се посвети на одгледувањето на своето бебе.

– Ние сме толку слични, но во исто време и толку различни. Често се препознавам во неа.

Александра била прилично мирна како мала, можела да гледа по два-три часа, да ја врти истата играчка – открила еднаш бабата на Александра Пријовиќ.

– Мајка ми пееше професионално, пееја и вујковците, а потоа јас. Кога ми ја донесоа кога се роди, знаев дека тоа е тоа.

-Ја препознав по нејзиниот плач, иако никогаш досега не сум ја видела ниту слушнала, реков: „Еве ја мојата пејачка“.

Сето тоа го прифатив како нешто нормално во нејзиниот и мојот живот, како нешто што мораше да се случи – изјави Борка за Блиц.

Инаку, Александра пораснала во Бели Манастир, каде што живеела со мајка и и дедо и по разводот на нејзините родители.

фото:Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева