Радио Милева
„се знаеше дека ќе биде пејачка“

„Мајка и ја остави кога имаше три месеци, со татко и ретко се гледа“: Соседите од родното место на Милица Павловиќ открија детали од животот на пејачката

„Мајка и ја остави кога имаше три месеци, со татко и ретко се гледа“: Соседите од родното место на Милица Павловиќ открија детали од животот на пејачката

Пејачката Милица Павловиќ детството го помина на југ во Србија, местото наречено Доњи Буниборд во Лесковац.

Бракот на нивните родители бил осуден на пропаст, мајката Мирјана ја оставила Милица само кога имала три месеци кај нејзините баба и дедо, Рада и Владмир.

Меѓутоа, во некогашниот дом на Милица, во Доњи Бунибоард сега нема никој.

Кога нејзиниот дедо починал, Милица после неколку месеци одлучила нејзината баба Рада да ја смести во дом во Белград за да може почесто да ја гледа.

„Нејзината баба не е овде, таа е во старечки дом уште во февруари. Во номеври почина дедо Владимир, па Милица сфати дека е најдобро да однесе својата баба со неа во Белград бидејќи таму ќе може најчесто да биде со неа. Гледате колку често објавува фотографии со неа и дека ја водеше во Белград. Нејзините баба и дедо цел живот го посветија на неа, и таа на некој начин одлучи да се грижи за нив, а во овој дом каде што е сместена, ја има потребната нега“, вели едниот сосед.

Според неговите зборови, Павловиќ биле домаќини како и сите други и се што имале го вложувале во нивната внука.

Кога станува збор за мајката и таткото на пејачката, соседот само изјавил:

„Со мајка и не се гледа, со татко и се слуша и гледа привремено“,додава тој.

Бабата и дедото на Милица се занимавале со земјоделство.

„Кога почина Владо, Рада остана сама и бидејќи боледува од Алцхахмер, најдобро решение е да биде во Белград покрај внуката.  Таткото на Милица живее во Швајцарија, но беше овде на почетокот на август. Таа не знае ништо за нејзината мајка откако ја остави. Милица е фина девојка, воспитана, ретко доаѓа овде во последно време, но кога е тука знае да се поздрави. Без оглед на тоа што нејзиниот живот е во Белград, таа не ги заборави своите баба и дедо и посетуваше кога можеше бидејќи тие и беа како мајка и татко“.

И првата сосетка имала само пофални зборови за пејачката и објасни како ја оставила нејзината мајка.

„Мајка и ја донесе кога имаше три месеци и буквално исчезна. Милица секогаш не поздравува кога ќе дојде. Се дружеше со мојот син и ќерка. Немам зборови за тоа дете, ја знам од малечка. Нејзиниот татко беше неколку дена, но Милица не можеше да дојде. Тој се ожени, не може да остане сам. Што се однесува за нејзината мајка, не знам ништо за неа. Јас сум тука 20 години и таа не се појави овде. Милица никогаш не ја спомна нејзината мајка. Среде дворот и ставија базен, тука се играше. Успеа да се избори, стана пејачка, а не ги заборави своите. Кога ќе дојде, ќе не поздрави, ќе праша за домашните. Отсекогаш пееше, играше, се знаеше дека ќе биде пејачка. Беше миленичка на дедо“, вели сосетката.

фото: немања николиќ/стефан стојановиќ/ притнскрин/инстаграм/

 

Останати вести од Радио Милева