Радио Милева
мода, провокација или перверзија?

Маја Маринковиќ во „предна танга“: Кралицата на скандалите во бикини што ги „промовира“ гениталиите (ФОТО)

Маја Маринковиќ во „предна танга“: Кралицата на скандалите во бикини што ги „промовира“ гениталиите (ФОТО)

Старлетата Маја Маринковиќ беше кралица на скандалите во „Задруга 4“. Таа со своето момче Марко Јањушевиќ – Јањуш се расправаше, физички се пресметуваше и правеше невиден хаос, за веднаш потоа како ништо да не било двајцата да ги „искршат креветите“ или туш кабината од секс… Та биле насамо или ја делеле страста пред сите, сеедно!

Маја беше запазена и по провокативниот стил на облекување, низата естетски корекции кои ги има направено, но и по нејзиниот егзибиционизам,  разголување  „око да не и трепне“, без оглед каде се наоѓа, пред кого е и со кого е.

Така беше отсекогаш, така беше во „Задруга 4“, а така е и сега, во моментов кога старлетата е на летен одмор.

Маја и овој пат се чини дека ги надминала сите граници на пристојноста, па нејзиниот ултра минималистички бикини стајлинг многу повеќе наликува на чиста перверзија, отколку само на провокација.

Старлетата дојде на пена парти во базенот на плажа, покажа јавно што не е за покажување, облечена во ултра мини бикини кое многу повеќе открива, отколку што покрива. И горе и долу… Особено на  она место, каде нејзината „предна танга“  длабоко потонала во „долината на желбите“.

А Маја…? Баш и е гајле што од сите страни „дува промаја“! Кралицата на скандалите дојде на дневна журка или да ги промовира гениталиите?

Фото: Инстаграм принтскрин/majamarinkovicc

Останати вести од Радио Милева