Радио Милева
нова врска

Мадона, „Кралицата на скандалот“ младото момче го замени со уште помладо (фото)

Мадона, „Кралицата на скандалот“ младото момче го замени со уште помладо (фото)

Новото момче на Мадона е дури 31 година помладо од неа, но тоа не ја спречува „Кралицата на скандалите“ лудо да се забавува и да пробува разни експлицитни пози во кафуле.

Кралицата на поп музиката, Мадона во последно време привлекува големо внимание во јавноста поради нејзините контроверзни фотографии со поексплицитна содржина.

Додека многумина ги коментираат нејзините слики и изглед, пејачката го живее животот во потполност, а неодамна одекна и веста дека си најде ново момче. Имено, станува збор за младиот модел Андрев Дарнел, кој е 31 година помлад од пејачката.

Неколку пати за странските медиуми изјавила дека „се*ксот е она што ја одржава“

Мадона неодамна раскина со 28-годишниот танчер и веднаш започна нова врска, пишуваат странските медиуми.

Пејачката во текот на викендот е видена во интимна прегратка со млад манекен, а се шпекулира дека ова не им е прва средба, туку се гледале и претходно.

Имено, по концертот отишле на вечера, каде продолжиле да се забавуваат. Во таа прилика тие танцуваа лежерно, а во неколку наврати дури и се бакнуваа, изјави извор за „Пејџ шест“.

„Тие дефинитивно се гушкаа. Цела ноќ отворено ја покажуваа својата страст еден кон друг во сепарето“, рекол изворот.

Пејачката и манекенот неодамна заедно снимаа и фотографираа за списанија, а имаа и многу експлицитни сцени.

Кралицата на попот на снимањето го бакнуваше Дарнел и му ја лижеше брадавицата додека блицовите на камерата ги осветлуваа. Мадона објави и фотографии од снимањето на својот Инстаграм профил, пишувајќи: „Сè со добар вкус“.

Треба само да видиме во која насока ќе оди нивната врска. Она што е сигурно е дека пејачката е во многу добри односи со помладите мажи, бидејќи издржа три години во врска со помладиот танчер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marghe Fatina ღ (@marghefatina)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/marghefatina

 

Останати вести од Радио Милева