Вистаграм

Мачка со два пара уши стана ѕвезда на Инстаграм

Мачка со два пара уши стана ѕвезда на Инстаграм

Мачката по име Мидас е родена со дополнителен пар уши на главата.

Се верува дека овој необичен феномен е резултат на рецесивна мутација во гените на нејзините родители.

Повеќето црни мачки обично наидуваат на бројни предрасуди за време на вдомувањето, па најчесто долго го чекаат својот дом полн со љубов.

Но, не и Мидас, бидејќи кога сопственичката Кемра ја земала во раце, веднаш се спријателиле и Кемра ѝ пружила дом засекогаш.

„Дополнителниот пар уши на Мидас немаат влијание на нејзиното однесување. Мидас се однесува како нормално развиено маче. И слухот ѝ е сосема нормален“, рекла Кемра за странските медиуми.

Додала дека се надева дека интересот за Мидас ќе помогне да се промени перспективата за повеќе луѓе да размислуваат за посвојување животни.

Има многу мачки и други животни во сите форми и големини кои исто така го бараат својот вечен дом полн со љубов.

извор: точка.мк