Промотер

„М!“ сака да ви каже дека сепак – „Има назад“ (ВИДЕО)

„М!“ сака да ви каже дека сепак – „Има назад“ (ВИДЕО)

Кој е М? Мартин Каранаков алијас М! е средношколец од скопската гимназија „Орце Николов“, секојдневно пишува стихови и тукушто стана полнолетен. Нови музички остварувања допрва следуваат.

Игра кошарка за Работнички, омилен стил му е Boom Bap-от, а тукушто ја објави својата прва песна во стихувано видео (lyrics video): добредојде за раперот М! на нашата сцена. „Има назад“ е насловена траката инспирирана од артисти како Joey Bada$, Nas, Biggie, Mobb Deep и 50 Cent.

Музиката, аранжманот и продукцијата на песната ги направи нашиот познат композитор Александар Масевски, а спотот е во режија на Мартин Чичовски.

М