Радио Милева
корона хигиена

Луна по вршењето нужда, си излезе од WC-то без да ги измие рацете, а камерите сето тоа го снимија! (ФОТО)

Луна по вршењето нужда, си излезе од  WC-то без да ги измие рацете, а камерите сето тоа го снимија! (ФОТО)

Коронавирусот беснее наоколу, но за учесниците во реалното шоу „Задруга 3“ короната како да ја нема, да не постои. Исто како што не постои ниту срам, култура на живеење, воспитување, па и хигиена… Ионака, секој добро воспитан  знае дека по вршење нужда во тоалетот, не смеете да заборавите да ги измиете рацете. Тоа го знаат и малите деца, сите, освен… Луна Ѓогани, која по се’ изгледа сè уште тоа не го научила.


Особено загрижува што тоа го прави сега, во моментите кога коронавирусот коси,  а целиот свет повикува да ги миете рацете колку што е можно почесто. А Луна? Таа не ги мие рацете дури ни откако ќе оди во тоалет.

Камерите во „Задруга 3“ постојано снимаат, па така тие го доловија моментот кога Луна беше во тоалетот и сите имаа можност да видат дека новокомпонираната пејачка навистина не ги мие рацете.

Имено, додека нејзиното момче Марко Миљковиќ го разубавуваа, Луна си ги спушти гаќичките и зад неговиот грб си седна над тоалетната школка да врши мала нужда.

Откако заврши со физиолошката потреба, си го избриша меѓуножјето, си ги крена гаќичките и хеланките и најпрвин каубојски со нога пушти вода во ВЦ шолјата.

Потоа Луна продолжи да се однесува како претходно да не вршела нужда и без да си ги измие рацете со поздрав си замина од тоалетот.

Гледачите остана вчудоневидени и згрозени од  нејзината „корона хигиена“, па веројатно се очекува „Големиот шеф“ да превземе санкции.

Останати вести од Радио Милева