Радио Милева

Луна Ѓогани има момче во Скопје?

Луна Ѓогани има момче во Скопје?
фото: Принтскрин/инстаграм

Победничката на втората сезона на „Задруга“, Луна Ѓогани неодамна ја раскина својата врска со момчето Марко Миљковиќ.

Имено, тие врската ја започнаа во „Задруга“, каде што раскинаа, а потоа повторно се смирија и ја обновија врската.

По разделбата, Луна се огласи и откри дека се случило во два дена.

„Беше се совршено, но, ете се случи се во два дена. Не знам што да кажам“ изјави Луна.

По излегувањето од „Задруга“, Луна започна и музичка кариера, сними песни, а за таа прилика неколку пати доаѓаше во Скопје во студиото на Дарко Димтров кој е продуцент на песните.

Исто така, Луна  своите први настапи ги имаше и во Македонија, па многу често може да ја видиме во нашата држава.

Меѓутоа, сега српските медиуми пишуваат дека Луна има момче во Скопје.

На насловната страница на „Paparazzo“, стои наслов: „Луна има момче во Скопје, Анабела ги споила“, а за што станува збор може да прочитате во новиот број на горенаведниот магазин.

фото: Папараззо

Останати вести од Радио Милева