Луис Фонси, авторот на мегапопуларната „Деспасито“, има нова песна која судејќи по прегледите на ЈуТјуб ќе стане нов хит.
За само два дена, песната има над 18 милиони прегледи.

Во песната „Echame La Culpa“ на Луис му се придружи и Деми Ловато, а се поизвесно е дека латино ритамот на Фонси и овој пат ќе го полуди светот.

Триесет и девет годишниот музичар од Порторико иако зад себе има 20 години музичка кариера, со „Деспасито“ стана сензација буквално преку ноќ.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.