Мегафон
LP изданија

LP компилации: „Macedonian new wave“ и „Macedonian Dark Wave“ се во предпродажба

LP компилации: „Macedonian new wave“ и „Macedonian Dark Wave“ се во предпродажба

„Темелите на македонскиот нов бран и алтернативна музика“ е новиот проект на Тошо Филиповски. Од 9-ти јануари во предпродажба се две компилациски плочи од едицијата – Македонски рок архив. Првата е LP компилација „Macedonian Dark Wave 1985-1989“. На неа се наоѓаат нумери на „Апореа“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Клеопатра“, „Ден потоа“, „Берза“, „Анастасија“ итн.

На другата, „Macedonian new wave vol.2 1979-1987“ се наоѓаат песни од групите „Инола икс“, „Зијан“, „Бастион“, „Дизајн“, „Фора“, „Прамен“, „Гино Де Гаги и нивните страсти“, „Меморија“, „Бон-тон“, „Морал“, „Чуден крој“, „Телекс“, „Токму така“ и „Коцка мраз“.

Предпродажбата трае до 31-ви јануари а официјалната продажба започнува на 23-ти април. Се работи за издание на Corpus Delicti Records, приредувач е Тошо Филиповски а дизајнот е на Бојан Ивановиќ.