Радио Милева
Остава прашалници

Лозано после подолго време реши да проговори за љубовниот статус – која е девојката што го освои неговото срце?

Лозано после подолго време реши да проговори за љубовниот статус – која е девојката што го освои неговото срце?

Тој преку својата песна и волшебен глас знае да ги разбуди емоциите кај публиката, Влатко Лозаноски- Лозано скромно и ненаметливо опстојува на македонската музичка сцена, а за него пред јавноста тоа е сосема доволно.

Помина доста време откако ја раскина долгогодишната љубовна врска, и оттогаш буквално не испливала никаква информација околу неговиот емотивен статус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Дури и кога добива прашања од медиумите, тој останува резервиран по одговорот. Неодамна, пред концертот кој го имаше викендов заедно со „Некст тајм“ на Антички во Охрид, Влатко во интервју за „Женски магазин“ го доби токму прашањето кога за љубовниот живот кој е енигма за јавноста.

Дали е заљубен одговори кратко и очекувано во негов стил:

-Да, сум, благодарам на прашањето, сега засега одлично се чувствувам, одговари Влатко, но спомена дека од она што го пее во текстовите од проектот „Километри“, најмногу ја опишува неговата приказна и емотивна состојба.

-Дефинитивно во целиот проект „Километри“, моожеби ќе има таква каде што верувам и останатата публика би се пронашла, одговара Лозано за „Женски магазин“.

Која е девојката што го освои неговото срце, останува се уште енигма, но сега кога веќе постои потврда, можеби нештата ќе станат појасно видливи.

фото:Инстаграм Лозано принтскрин/samandovs

 

Останати вести од Радио Милева