Мегафон
театар

„Лоунли планет“ на Ателје 212 на МОТ: Престава во која наместо актери играат оние што ја напишале – нејзините автори

„Лоунли планет“ на Ателје 212 на МОТ: Престава во која наместо актери играат оние што ја напишале – нејзините автори

„Лоунли планет“ е претстава која ја изведуваат пет писатели, Маја Пелевиќ, Олга Димитријевиќ, Тања Шиливар, Игор Коруга и Димитрије Коканов, кои се автори на текстот и се изведувачи на претставата. Таа е настаната за време на карантините како желба да се промисли театарот како уметничката практика која во пандемијата стана нужно одвишок и невозможна. Напротив ние сакавме да покажеме дека е возможно да се напрви претстава и да се изведе во околности почитувајќи ги сите заштитни мерки пропишани во тие моменти. Од таму дојде идејата да ги користиме сите можни простори во театарот, освен регуларниот сценски простор. Петте различни простори овозможуваат движење на ограничен број на публика низ театарот, и така ги почитуваме мерките на потребното дистанцирање“ – вели Димитрије Коканов од Ателје 212.

„Лоунли планет“ е претстава од имерсивен карактер, која се изведува на отворени и затворени простори, околу и во театарската зграда, намерно избегнувајќи го класичниот сценски простор, односно самата сцена. Преку колажната структура од пет авторски и изведувачки гласови, кои се испреплетуваат и се провираат едни со други, уметниците ја водат соодветно оддалечената публика на туристичка турнеја низ двете страни на паричката на утопијата и дистопијата на нашето (театарско) секојдневие. „Лоунли планет“ претставува слалом преку можните утопии и дистопии на нашите градови и нашите интимности и се фокусира на неколку прашања: Како го користиме јавниот простор за да ги претвориме нашите индивидуални проблеми и потреби во општествени? Како размислуваме за светот пред и по заканата што се појави, во разни, дури и поопасни форми? Како ги спроведуваме најелементарните интеракции со други луѓе, предмети, суштества додека сме во позиција на апсолутна несигурност за тоа каков живот нѐ чека утре? Оваа претстава е одраз на светот во првата половина на 2020 година, додека истовремено се обидува да ги преиспита формите на театар што може да се случат и покрај вирусот, и следствено на тоа, потенцијалните форми на заедништво во јавниот простор на иднината.

Програмата на 45-то издание на Млад отворен театар трае до 6 декември.