Радио Милева
Афро

Лоба ретко прави промени на изгледот, но овој пат се реши на драстичен чекор (фото)

Лоба ретко прави промени на изгледот, но овој пат се реши на драстичен чекор (фото)

Кога е имиџот во прашање, особено фризурата, некои припаднички на понежниот пол, ретко, а некои и никогаш не прават промени на себе.

Пејачката Викторија Лоба е една од тие девојки што уште од малечка остана да си ја негува својата природна руса коса која со години и беше долга.

Пред некое време се реши да ја потскрати, но не драстично, онака за освежување.

Некои од македонските стилисти често знаеја да и сугериррат да направи промена, односно дека и е време да се покаже во некое поинакво светло. Но, тоа не баш допираше до неа, па остана онаква каква што е со својот препознатлив знак.

Периодов освен што повторно се активираше на музички план, тука се и рекламните ангажмани на одредени брендови. Доста активна е и со инфлуенсерството на Инстаграм, така што убавата пејачка со руско потекло никогаш не мирува.

Така беше и со еден од последните ангажмани или фотосесија каде за првпат ја видовме со драстично поинаква фризура- афро.

Во слично издание се појави и во една емисија каде говореше на актуелни теми.

Изгледа ретро, но ултра модерно и впечатливо, а мора да се признае дека одлично и прилега.

Тоа го констатираа и фановите кои и поделија ласкави комплименти. Кој е вашиот…?

фото:Инстаграм/Викторија Лоба/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева