Радио Милева
се гледаме после рекламите...

Лоба може да те гризне без да те боли, а Лила носи гаќички со двојно дно…! (ФОТО)

Лоба може да те гризне без да те боли, а Лила носи гаќички со двојно дно…! (ФОТО)

Социјалните мрежи, особено Инстаграм за познатите и јавни македонски  фаци стана место за гратис маркетинг, а самите тие се како подвижен билборд! Нема ден некоја од нив да не се појави без да ве бомбардира со реклама за нов производ, кој е  „најдобриот“,  па затоа и токму тие ви го препорачуваат.

Миа Костова, Марјана Станојковска,  Милена Антовска, Ани Георгиева (Црна мачка), Викторија Лоба, Лила Филиповска... се само дел од плејадата познати Македонки, за кои на Инстаграм, па и на Фејсбук секојдневно можете да кажете: „Се гледаме после рекламите“!

А се рекламира се’ и сешто: Од козметички производи, препарати и третмани, преку туристички патувања до сексуални помагала. Која што начекала да рекламира, каков спонзор закачила, а народот… Кому што му треба!

Еве само два-три примери од нашите инфлуенсери во рекламната нишка на познатите Македонки и „нивните“ рекламни производи.

Викторија Лоба да речеме е „феномен“. Може да ве гризне без да ве боли. Особено ова се однесува на саканиот… Него може да го гризне и при водење љубов, а тој ништо да не почувствува… За јазикот или усната или… при бакнеж, се разбира! И сето ова заради тоа што Лоба користи „невидлив алајнер“ преку забите. Совршената насмевка е гратис!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ? (@victorialoba) on


Лила пак има најново помагало, за кога ќе дојдат „оние денови“, се разбира! Тогаш облекува гаќички со двојно дно. Помеѓу двете дна – влошка! За удобност, комфорност и дополнителна заштита за време на  менструалниот циклус… Нејзиниот, ама и вашиот!

Ани – „Црна мачка“ и нејзината богата палета производи од најпознатиот македонски секс шоп ќе ги оставиме за некоја друга прилика… Кога на ред ќе дојдат задоволствата!

Претходниве два „иновативни и револуционерни“ производа, засега ви се доволни само за да ве заштитат од… „неприлики“!  За дури и во оние денови кога не можеш „да им го фатиш крајот“, да се чувстрвуваш… „како во рајот“! До тогаш… се гледаме после рекламите!

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева