Љубов и Секс

Љубовни грешки кои не смеете да ги направите на почеток на врската

Љубовни грешки кои не смеете да ги направите на почеток на врската

Почетокот на врската е период во кој се дефинира како нештата ќе се движат понатаму. Воздржете се колку можете од грешки, бидејќи некои постапки едноставно не се простуваат и можат да ја згаснат љубовта.

Иако сите сакаме партнери кои се грижливи, доверливи и кои прават сè за да нè расположат. Сакаме и да не се плашат да покажат колку им е важно што сте заедно.

 

Сепак, понекогаш е подобро постепено да се откриваат емоциите и да не се претерува со грижата.

 

Треба да внимавате и обидете се да не ги направите следниве грешки, особено ако сте на почетокот на нова љубовна врска.

 

  1. Искажување љубов уште на самиот почеток на врската

Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа и за најпрекрасните работи постои вистинско време. Доколку премногу рано ги изговорите зборовите „те сакам“ може да постигнете спротивен ефект, можете да го избркате партнерот од себе.

 

Тоа што всушност вие на почетокот на врската го чувствувате е заљубеност, а не искрена вистинска љубов. Зборовите дека конечно сте ја сретнале својата сродна душа и дека сте сигурни дека го сакате обидете се да не ги споменувате на почетокот, а за тоа време направете разграничување и добро размислете за своите чувства.

 

  1. Изнесување премногу информации на првиот состанок

Интимните приказни за вас и вашето смејство, некои убави или неубави случувања, задржете ги за себе сè додека не бидете сигурни дека со таа личност сте во сериозна љубовна врска. Обидете се да ја почитувате и сопствената и туѓата приватност и никогаш немојте да кажувате буквално сè.

 

  1. Претерано допишување

Секој почеток на врска е многу возбудлив период, но сепак мора да се обидете да се контролирате и да не претерувате со допишувањето. Ваквото однесување би можело да стане многу напорно за другата личност.

 

И, да, не инсистирајте секој слободен момент да го поминувате заедно, сепак треба да имате и малку време за себе и за луѓето кои ви биле значајни пред почетокот на врската.

 

  1. Големи ветувања

Ова не се однесува на ветување дека ќе одите во вашиот омилен ресторан, туку на ветувања како на пример: јас никогаш нема да те повредам, јас никогаш нема да ти направам нешто такво, јас никогаш нема така да те разочарам и слично.

 

Со ваквите големи ветувања се доведувате во ситуација да ја разлутите и разочарате другата личност ако направите нешто за што веќе сте кажале или сте ветиле дека никогаш нема да го направите. Со своите дела покажувате каква личност сте, затоа немојте премногу да се расфрлате со зборови кои подоцна може да ги погазите.

 

  1. Љубомора

„Премногу те сакам за да можам да замислам дека си со било кој друг освен со мене“. Речениците слични на оваа не само што ве претставуваат како љубоморна личност, туку може да оставите впечаток дека сте параноик кој се врзува за секого. Уште на почетокот обидете се да работите на меѓусебната доверба, бидејќи таа е еден од клучните фактори за успешна љубовна врска.

Извор:Попара.мк