Радио Милева
крајно навредливо

Љубов посилна од семејните проблеми: Мајката на Меси ја навредила снаата на денот на венчавката и без срам се појавила во вакво непристојно издание (фото)

Љубов посилна од семејните проблеми: Мајката на Меси ја навредила снаата на денот на венчавката и без срам се појавила во вакво непристојно издание (фото)

Лионел Меси, апсолутната ѕвезда на Мундијалот во Катар, црпи голема сила од своето семејство. Во летото 2017 година, во родното Росарио, тој застана пред олтарот со својата детска љубов, Антонела Рокуцо. Иако често менувале адреси поради неговата кариера, сепак одлучиле градот во кој се запознале како деца да биде местото каде што ќе положат заклетва за вечна љубов.

Сопругата на Меси блесна во прекрасна венчаница на шпанската дизајнерка Роза Клара, која во Аргентина пристигна со приватен лет од Мадрид. Славниот Аргентинец и неговата избраничка се заколнаа на вечна љубов пред двесте и педесет гости, меѓу кои и блиски пријатели и членови на семејството.

Сенка на романтичната церемонија фрлија таблоидот кој пишуваше дека односот меѓу семејството на фудбалскиот ас и неговата сопруга веќе извесно време е прилично „напнат“ и дека не се воодушевени од тоа што парот ќе застане пред олтар.

Во прилог на тоа изјавија дека мајката на Лионел, Силија, се појавила во бел фустан, кој во аргентинската традиција се смета за крајно навредлив гест, особено ако доаѓа од член на семејството.

Сепак, светиот чин беше успешно приведен со размена на бурми, а судејќи по насмевките на среќната двојка, оваа церемонија несомнено е една од најубавите работи што им се случиле.

фото: Andres Preumayr/Getty Images/Profimedia

Останати вести од Радио Милева