Радио Милева

„Љубов или лудило“ – македонскиот пејач и се “залепи“ на познатата ѕвезда од „Гранд“

„Љубов или лудило“ – македонскиот пејач и се “залепи“ на познатата ѕвезда од „Гранд“

Во новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ наш претставник е Македонецот, Огнен Здравковски.

Деновиве Огнен присуствуваше во Белград каде што имаше професионални обврски со продуцентската куќа „Гранд“:

Имено, пејачот присуствуваше на снимањето на четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, како и на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“.

Огнен ја искористи оваа прилика, па се фотографираше со првиот човек на продуцентската куќа и директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Во емисијата исто така гостуваше и Александра Младеновиќ, па Огнен ја искористи приликата и направи селфи со неа, а во описот на фотографијата напиша „Љубав или лудило“.

Ако помислевте дека можеби меѓу младиот пар се “родила љубов“ се лажете. „Љубав или лудило“ е насловот на песната на пејачката, а нашиот Македонецот ја подржа Александра. Многу колигијално нели?

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева