Љубов и Секс

Зошто треба да имаме помали очекувања од партнерот?

Зошто треба да имаме помали очекувања од партнерот?

Очекувањето дека романтичниот партнер треба да одговори на сите наши барања, потреби и интереси можеби звучи многу убаво, но ваквиот идеализам во реалноста може да биде прилично контрапродуктивен.

Ако партнерот не одговори на начин што ние го очекуваме, се јавува нетрпеливост, гнев, а на крај и огорченост.

Многу е важно, во секоја врска, вклучувајќи ја и романтичната, да се задржи нивото на индивидуалност, а со тоа да се овозможи флексибилност и да се тргне еден огромен наметнат товар на партнерот – да нѐ придружува секаде, секогаш, во сѐ што правиме.

Значи, треба да очекуваме помалку од партнерите во една љубовна врска.

Треба да се напомене дека кога се зборува за помали очекувања, се мисли во однос на нас и не се занемарува потребата партнерот да биде генерално заинтересиран за она што ние го правиме како индивидуа.

Одлично е што имате заеднички интереси и сакате некои работи да ги правите заедно, но не мора и не треба да правите баш сѐ заедно.

Ова видео на The School of Life ќе ви покаже каде и какви отстапки од вашите очекувања може да направите за поздрава, посреќна и подолга врска.

извор:курир.мк