Љубов и Секс

Зошто сексот со тек на време станува здодевен?

Зошто сексот со тек на време станува здодевен?

Секој кој бил во подолга врска има помислено дека сексуалниот живот со саканата личност станал по малку здодевен или дека стигнал до „мртва точка“ од која не се поместува.

Тоа не е катастрофално и невообичаено, туку напротив честа појава со која може да се справиме со труд и волја.

Точката во која сѐ се менува, велат научниците, најчесто се случува по две години врска. Тоа е моментот кога поминува страсната заљубеност и односот преминува во длабоко почитување и поврзаност.

Здодевноста настапува поради промените што ги носи животот, вклучувајќи ги заедничките обврски и проблеми. Најчесто несвесно влегуваме во рутина и кога ќе се освестиме не гледаме излез.

Зошто сексот станува здодевен?

Една од главните причини зошто ви е здосаден сексот е бидејќи е станат предвидлив и едноличен.

Ако веќе имате и деца, многу често тие го диктираат слободното време и можноста да имате секс со партнерот/партнерката, па се потпирате на „проверени“ пози и потези и брзате да стигнете до кулминација пред да се разбудат децата или додека не сте заспале од умор.

Сменете ги сексуалните навики

Сѐ во животот може да ви здодее, од некои работи е лесно да се откажете, но за други вреди да се потрудиме, како сексот со саканата личност.

За взаемно задоволство во сексот, треба прво добро да се познавате себе, потоа партнерот, да разговарате за вашите потреби, желби и фантазии, да ги почитувате туѓите и секако, да се потрудите да најдете време и енергија за да се посветите еден на друг.

Сексот повторно треба да стане уживање, а не обврска кон партнерот.

извор: кајгана.мк