Љубов и Секс

Зошто пријателството со бившите не е баш добра идеја?

Зошто пријателството со бившите не е баш добра идеја?

Нина Атвуд, експертка за врски, смета дека пријателството со бившите партнери може да предизвика низа емотивни турбуленции во животот.

Кога и да останат пријатели со поранешниот партнер, луѓето главно тоа го прават затоа што се плашат од соочување со животот без тие луѓе кои некогаш многу им значеле, луѓе со кои делеле длабока емотивна врска, смета таа.

„Тешко е да се ослободиме од чувството на жал за тоа што можевме да го имаме со бившиот, а го немавме“, вели Нина.

„Во повеќето случаи е многу подобро да заборавиме на сè и да се концентрираме на подобри можности. Ако останете блиски со личност во која некогаш сте биле вљубени, тоа создава одреден притисок, не баш здрав. На пример, може да делува обесхрабрувачки на идејата за повторно излегување. Ако упорно го имате бившиот на ум, нема да одите напред. Ќе ги споредувате потенцијалните партнери со бившиот и потсвесно ќе им наоѓате грешки слични на претходниот партнер“, вели таа.

Кога размислуваме за старата врска спомените сами се враќаат. Со самото размислување за тоа може да ви дојде желба да ѝ пружите уште една шанса на претходната врска.

„Треба да сфатите дека здравите и силните односи не можат лесно да се распаднат. Ако навистина сте сакале да останете заедно, ќе бевте сè уште еден покрај друг. Но, ако работите едноставно не функционираат треба да признаете дека едноставно е дојден крајот, советуваат експертите за врски.

извор: Кајгана.мк