Љубов и Секс

Зошто паровите најчесто одат на терапија во текот на октомври?

Зошто паровите најчесто одат на терапија во текот на октомври?

Една од клучните причини зошто паровите се одлучуваат на есенска терапија е секако да се вратат од одмор и повторно да се соочат со секојдневните обврски.

Според Луси Бересфорд, психотерапевт и експерт за секс и партнерски односи и автор на „Happy Relationships at Home, Work and Play“, летниот одмор, колку и да е прекрасен, честопати води до точка на „пукање“.

Причината е едноставна, а тоа е дека поминуваме многу моменти заедно. Ова води кон соочување со проблеми што инаку би ги потиснале и ќе ги пренесеме во наредните месеци. Затоа, треба да се решат сите сомнежи и да се најде сила за понатамошни потези, со цел одржување на врската. Кога ќе помине малку време и дојде октомври, интересот за советување и брачна терапија расте.

Таа додаде дека е потребно да се тргне од себе и целата вина да не се префрла на партнерот, бидејќи тоа е единствениот начин да се реши секој предизвик. Совет за сите парови е искрено да размислуваат за причината за конфликтот, а промената на животната средина и присуството на трето лице може да ја олесни фрустрацијата и разочарувањето. На овој начин може да се слушне нивниот глас и важно е да се истакне дека новата перспектива е одличен начин за продолжиме заедно или не.

извор:кафепауза.мк