Љубов и Секс

Зошто не треба да му подарувате секс на партнерот за Нова година?

Зошто не треба да му подарувате секс на партнерот за Нова година?
Kanika Saxena

Празничната новогодишна сезона традиционално е позната како период на многу зачнувања, но поради притисокот што празниците го носат со себе, тој период временски се поместува.

Ники Голдстин, сексолог од Австрија, вели дека Нова година е пригода што подразбира секс со партнерот, но таа исто така предупредува дека овој чин може да се претвори во еден вид обврска.

Сексот би бил многу позабавен, пооткачен и поспонтан ако потребата за него се случува спонтано и природно. Со планирање на сексот како обврска, може да се создаде притисок што ќе резултира со несакан контраефект.

Сексот нѐ поврува со партнерот, создава чувство на блискост, познавање и уживање. Тоа не е нешто што се „доделува“ само еден ден во годината или за посебни прилики, туку треба да биде присутен во текот на целата година.

Празниците и посебните прилики како родендени или годишнини не треба да бидат единствените денови во кои ќе се потрудите за вашата сексуална врска, а во никој случај не треба да го третирате сексот како подарок за партнерот. Тоа не е нешто што го подарувате, туку взаемно го споделувате.

Тоа не значи дека не треба да имате секс (обичен или посебен) по овие поводи, туку дека треба да се трудите во текот на целата година. Ако добиете желба да направите секси изненадување за вашиот партнер во најобичен ден во годината, искористете ја таа енергија тогаш, не ја чувајте „за посебна прилика“.