Љубов и Секс

Зошто љубовницата ја мразиме, а на него му простуваме?

Зошто љубовницата ја мразиме, а на него му простуваме?

Едно од најголемите разочарувања во животот е неверството. Болката од предавството на саканиот човек секогаш остава горчлив спомен. Но дали некогаш сте помислиле и сте забележале дека голем процент од жените, кога ќе откријат за неверството на својот партнер, се склони да му простат, обвинувајќи ја најчесто љубовницата?

Зошто сме способни да простиме на мажот, кога тој е оној што го нарушил љубовниот завет и ја издал нашата доверба?

Одговорот најчесто се корени во одбивањето да признаеме, дека мажот до нас не не сака со таков жар како во почетокот. Затоа најлесно е да ја обвиниме онаа злобна, расипана жена, која го соблазнила нашиот маж и го скршила инаку„здравото“ семејство.

Драги читателки, знаеме дека неверството боли и никогаш не би ви посакала да го искусите неговиот горчлив вкус, но не заборавајте, дека никој не може да ви одземе нешто, што го поседувате. Ако одамна сте заборавиле што е романтика и страст, тогаш не брзајте да ја обвините жената, која можеби и не знае дека вие воопшто и постоите. Погледнете во сопствениот брак и дури тогаш судете.

извор:боза.мк