Љубов и Секс

Зошто ќе се каете ако ја изгубите жената којашто чекала да созреете?

Зошто ќе се каете ако ја изгубите жената којашто чекала да созреете?

Кога на жена ќе и дојде преку глава, толку е.

Видете, финтата со жените е тоа што ќе ви дадат 7000 шанси. Веруваме дека можете да бидете најдобра верзија на себеси и сакаме да бидеме таму кога тоа ќе се случи и тоа е причината поради којашто многу од нас заглавуваат во ужасни врски со типови кои се однесуваат ужасно со нас.

Ние навистина сакаме да веруваме кога ни велите дека ќе бидете подобри и дека повеќе ќе се потрудите.

Но, кога ќе ни дојде преку глава, брате, готово е.  Еднаш кога жената ќе сфати колку и е подобра животот без вие да и ја трошите енергијата и времето, вашиот прозорец е затворен. Ништо, ама баш ништо, никаква промена нема да ја предомисли и да ја натера да ви се врати.

И да, тогаш обично го имате муабетот: „Ако не може да ме поднесе во лоши времиња, не ме заслужува кога ми е добро.“ Тоа важи во нормални услови. Никој, ама никој не е должен да трпи туѓо ужасно однесување, ниту пак да живее живот полн со стрес и драми, само затоа што партнерот не може да преземе одговорност за своите избори и дела.

Нејзиното заминување поради грижа за себе може да ве повреди, но најверојатно вашите дела и однесување највеќе придонеле до тоа да си оди.

Нема да имате проблем да најдете нова девојка еднаш кога конечно ќе се средите. Не е тајна дека луѓето сакаат луѓе кои делуваат постабилно и имаат цел, но поентата е да најдете некој кој ќе ве сака и кога се ќе ви оди надолу.

Жената којашто  ве сакала кога сте биле на дното веќе го знае вашето најлошо и ве сакала, ве поддржувала и ве охрабрувала и покрај се. Ова е нешто со коешто може да се справи само жената којашто навистина ве сака.

И во тие тешки моменти, кога ќе се мачите со нова девојка на која и е тешко да ве сака и покрај вашите мрачни страни, тогаш ќе ја сфатите вредноста на жената која го правела тоа и без да го побарате тоа од неа.

извор:курир.мк