Љубов и Секс

Зошто емотивното неверство е многу полошо од физичкото?

Зошто емотивното неверство е многу полошо од физичкото?

Емотивното неверство може да биде многу полошо од физичкото. Во овој случај, не може да го обвините алкохолот или една лоша одлука затоа што не можете да се поврзете емотивно со некого преку ноќ.

Емотивното неверство трае со недели или месеци, преплетено со чувства кои не исчезнуваат по ноќта кога сте имале секс.

Доколку сте блиски со некоја личност и замислувате дека сте интимни со неа, вие сепак емотивно го изневерувате вашиот партнер.

Според психотерапевтите, во денешно време е полесно да имате емоционална афера затоа што мобилните телефони и социјалните мрежи ви се достапни 24 часа дневно.

Како да ги препознаете знаците дека вашиот партнер емоционално ве изневерува?

Немате пристап до неговиот телефон

Доколку вашиот партнер станува нервозен додека го користи мобилниот телефон или се нервира кога сте во негова близина. Ова е знак дека нешто крие од вас.

Се однесува поинаку

Поминува време на Facebook, излегува почесто од дома, активно тренира… тоа е знак дека се подготвува за нешто.

Многу често ја споменува пријателката

Доколку вашиот партнер не престанува да ја споменува неговата пријателка, знае сè за нејзиниот живот и ги споделува деталите, ова може да биде знак за емоционално неверство.

Не е заинтересиран за секс

Вашиот партнер не е иницијатор за секс и ви се чини дека се оддалечува од вас во текот на чинот? Ова може да биде причина за грижа доколку вашиот партнер нема други проблеми поради кои е под стрес. Физичката близина е важен дел од секоја среќна врска, па секоја промена може да биде знак за некоја промена.

Што да правите во ваков случај?

Разговарајте со вашиот партнер. Поставете му прашања од типот: Како се чувствуваш кога си со мене? Дали си среќен? Дали нешто недостасува во нашата врска?

извор: Кајгана