Љубов и Секс

Зошто е важно да имате сингл период помеѓу врските?

Зошто е важно да имате сингл период помеѓу врските?

Без разлика на вашиот љубовен статус, ова е нешто што секоја жена треба да го знае.

Прекинување на љубовната врска никогаш не е лесна и безболна одлука, но од нив може да се извлече добра лекција.

Тука настапува сингл периодот помеѓу двете врски и има два различни типа на жени. Некои жени го користат овој период за да го мразат поранешниот партнер, а некои за да работат на себеси.

Секако, би било добро да припаѓате на втората група, затоа што од огорченоста не може да извлечете ништо корисно. Освен што треба да се посветите на работата на себе, би било одлично кога би размислувале за следните три прашања.

Како постапував во претходната врска?

Со размислување за ова прашање ќе се посветите на своите квалитети кои ве прават добар љубовен партнер.

Размислете добро за вашите добри особини и не дозволувајте разочарувањето да го расипе вашиот карактер.

Што ми беше најголемиот предизвик во врската?

Со ова прашање ќе се потсетите на некои негативни карактеристики, односно на некои работи кои го отежнувале успехот на врската. Размислете како може тоа да не се повтори во вашата наредна врска.

Што може да смените кога повторно ќе бидете во врска?

Тоа не мора нужно да значи дека вие сте виновна за неуспехот на претходната врска, туку дека доколку сметате дека постои некоја негативна карактеристика – да се обидете да ја искорените.

Целата на секој однос е меѓусебно задоволство и среќа, но доколку не сте задоволни сами со себеси, нема да бидете задоволни ниту со наредниот партнер.

извор: Кајгана