Љубов и Секс

Знаци дека партнерот е несигурен во себе и незадоволен во врската

Знаци дека партнерот е несигурен во себе и незадоволен во врската

Врската со несигурна личност може да биде вистински предизвик бидејќи партнерот ќе мора постојано да ја теши и инспирира. Погледнете кои се некои од знаците кои укажуваат на тоа дека сте во врска со ваков партнер бидејќи животот со нив може да биде навистина тежок.

Чувството на несигурност во врската не е невообичаена појава. Но загрижувачко е кога таа несигурност станува дел од секојдневието.

Еден од знаците на здрава врска е кога и двајцата партнери се чувствуваат безбедно во љубовната врска. Несигурноста во врската не само што ќе ѝ пречи на вашата врска туку и ќе остави траги во вашиот живот.

Научниците посочуваат неколку знаци со кои ќе откриете дали вашиот партнер е несигурен или само загрижен.

Чувството на несигурност во врската може да ви направи да се чувствувате тажно или депресивно. Луѓето најчесто се чувствуваат несигурно кога мислат дека во врската нешто не е како што треба.

Животот со ваквиот партнер може да биде напорно и лошо искуство. Чувството дека некој постојано ве набљудува и ве прекорува дури и кога не правите ништо лошо ќе ви направи да се чувствувате виновно, а нема причина за тоа.

Доколку партнерот постојано ги става под лупа вашите најмали грешки и не го цени тоа дека се трудите и вложувате во врската – ова е еден од знаците дека живеете со ваков партнер.

Еден од знаците дека вашиот однос е токсичен е кога партнерот ве обвинува за работите кои никогаш не сте ги кажале или направиле.

Наместо да ве сослуша и да разговарате на која била тема, тој се грижи како се однесувате кон него. Очекува самите да знаете како се чувствува без да ви го каже тоа. Не е добар знак ниту кога постојано ги следи вашите телефонски разговори и пораките на социјалните мрежи. Станува исклучително љубоморен кога се дружите со вашите пријатели.

Доколку го препознавте вашиот партнер, размислете дали би сакале да го трошите вашето драгоцено време во токсична врска.

извор: кајгана