Љубов и Секс

Жените открија зошто глумат постигнување оргазам во текот на сексуалниот однос

Жените открија зошто глумат постигнување оргазам во текот на сексуалниот однос

Едно од истражувањата објавено во публикацијата „Archives of Sexual Behavior“ се занимавало со прашањето „зошто жените глумат оргазам?“.

Истражувачите разговарале со 462 хетеросексуални жени, па издвоиле три најчести причини поради кои тие се преправаат дека доживеале оргазам.

1. За да го задржат партнерот
Еволуциската психологија на феноменот глумење оргазам го објаснува тоа како стратегија за задржување на партнерот покрај себе. Мажите сакаат нивната партнерка да ужива во текот на сексуалниот однос и да доживее оргазам, а жените глумат дека е така за нивниот партнер да биде задоволен. Истражувањето исто така покажало дека жените кои што се плашат дека нивниот партнер може да ги изневери исто така глумат оргазам.

2. За да го задоволат партнерот
Многу од жените се согласуваат дека мажот треба да знае што нивната партнерка сака и како треба да ја задоволи, но некои од жените сметаат дека задоволството на нивниот партнер не е целосно доколку не доживее оргазам, тогаш тие ќе го одглумат тоа.

3. Затоа што нема причина да не го одглуми
Постојат многубројни предрасуди за двата пола, а меѓу нив и тој дека жените се премногу чувствителни или пак тој дека мажите треба да се грижат за нив. Доколку тоа го прифатат жените тогаш тоа ќе влијае на нивната одлука дали сакаат да го одглумат оргазмот.

извор:нетпрес.ком.мк