Љубов и Секс

Заводници на кои жените налетуваат барем еднаш во животот

Заводници на кои жените налетуваат барем еднаш во животот

На жените понекогаш не им е лесно да проценат кога некој сака да ги искористи, а кога некој навистина сака да има нешто сериозно со нив. Според Cosmopolitan, постојат три ултимативни типови на заводници со кои во текот на животот се сретнува скоро секоја жена.

Еве како да распознаете дали станува збор за заводник или не:

1. Вистински џентлмен

Ќе ве шармира со некоја оригинална идеја и комплименти поради кои ќе се чувствувате како дама, а не како „плен“. Потоа ќе искористи и други трикови со ко ќе биде апсолутно сигурен дека ќе ве освои, секоја жена сака маж кој ќе се однесува со неа како да е скапоценост. Со манирите докажува дека џентлемените сè уште постојат, но исто така е и заводник кој точно знае како да им се нафрла на жените.

2. Искусен и вешт шармер

Овој тип на мажи ги облетуваат жените со една цел, да ги заведат и искористат. Ги знаат сите трикови и жените ретко одолеваат на нивниот шарм бидејќи се вешти во убедувањето дека се единствени за нив. Но, тоа е само изговор за да ги одвлечат во кревет, овие мажи не се материјал за сериозна врска.

3. Сериозен господин

Тој не е од оние мажи кои ќе настапат со застарени фрази кои веќе сто пати сте ги слушнале, ќе ви пријде само ако навистина го интересирате. Сериозниот господин ќе сака да разговара со вас, ќе ве распрашува за детството, политичките уверувања и слични теми. Сè што ќе добиете од него при првата средба е разговор, но немојте да мислите дека со тоа дека не е навистина заинтересиран. Тој е можеби најдобриот кандидат од листава за дечко и веројатно ќе ви се јави доколку му оставите добар впечаток.

извор: Кајгана