Љубов и Секс

Време е за романтично водење на љубов: 3 состојки за совршена секс атмосфера

Време е за романтично водење на љубов: 3 состојки за совршена секс атмосфера

Преуредете ја својата соба така што ќе ја направите да биде вистинска оаза за секс. Нема да ви одземе многу време и пари, доволно е само ова:

Фрлете ги непотребните работи

Многумина прават грешка и од креветот ги фрлаат перниците, а на него ставаат многу плишани играчки, меѓу кои сексот едноставно не е удобен, а секој интимен момент е нарушен. Ослободете се од сите непотребни работи кои би можеле да го уништат вашето расположение и желба за секс.

Запалете ја атмосферата

Осветлувањето е уште еден важен фактор, а сите честопати го занемаруваат. Темницата е непријатна, затоа размислете за малите амбиентни ламби или свеќи кои ќе ги направат вашите заеднички моменти уште поромантични. Не е лошо да имате и ламба со потенциометар за да можете да ја дозирате количината на светло во собата, но секако, ништо не е толку романтично како свеќи, особено ако се со некој убав мирис.

Магични мириси

Доколку не живеете со своето момче, туку само повремено разменувате нежности кога ќе наврати кај вас, искористете го магичното дејство на вашиот парфем. Испрскајте ја неговата перница со вашиот парфем и така осигурајте се дека и во соништата ќе бидете со него. Собата исполнете ја со миризливи масла, свеќи и стапчиња или букет од омиленото цвеќе.