Љубов и Секс

Водењето љубов нè усреќува повеќе од храната и парите

Водењето љубов нè усреќува повеќе од храната и парите

Телото произведува огромна количина од хормонот на среќа додека водиме љубов, тој останува во телото со часови и го засилува чувството на блискот меѓу партнерите. Луѓето се чувствуваат сакани, а меѓу партнерите се засилува чувството на приврзаност. Но, тоа не е сè што чувствуваме додека водиме љубов.

Во текот на сексот телото ослободува ендорфин кој го намалува чувството на анксиозност и лошо расположение. Ендорфинот има и аналгетско дејство бидејќи буквално ги намалува болките од артритис, болките во грбот, но и мигрената како и менструалните грчеви.

Во текот на сексот се засилува и осетот за мирис, се поттикнува губењето килограми и се обезбедува мирен сон. Водењето љубов влијае и на побавно стареење бидејќи се подобрува циркулацијата. Крвта побрзо циркулира низ вените и кожата по секс станува помека и позатегната. Косата станува посјајна, а очите буквално светат.

Во телото се подигнува и нивото на допамин, хормон кој создава зависност. Ова го потврдува и фактот дека сексот ги прави луѓето посреќни од храната и парите. Мозокот во текот на сексот изгледа како мозок на зависник од хероин, па луѓето сакаат во него да уживаат.

извор: Курир.мк