Љубов и Секс

„Во филм за возрасни ја видов мојата девојка како има секс со двајца мажи…“

„Во филм за возрасни ја видов мојата девојка како има секс со двајца мажи…“

26-годшен маж го споделил својот проблем и побарал совет во рубриката на Деидре, на сајтот „The Sun“.

„Таа има 25 години, 6 месеци сме во врска и призна дека имала моменти кога била ‘дива’ и незапирлива. Рече дека имала афери со неколку сомнителни и лоши момци. Таа е прекрасна девојка, многу сум горд што сум со неа, единствено што сексот нѝ е здодевен“, ја започнал својата исповед.

„Се потрудив да го направам нашиот секс поинтересен и повозбудлив. Пробував разни пози, купував разни играчки и секси долна облека, но ништо не функционираше“, објаснило момчето.

Една ноќ кога таа не била дома, посетил страница со еротски филмови и ја забележал неговата девојка.

„Ја видов девојка ми во секси костим на медицинска сестра која има секс со двајца мажи. Следниот ден ја прашав за тоа и веднаш ми призна сè. Тоа бил еден од оние лоши момци со кои била во минатото“, рекол тој.

Не му пречело што го снимила филмот, но му пречело тоа што била подготвена со непознати мажи да испробува разни нови и возбудливи работи, но тоа никогаш не сакала да го направи со него. Неговата девојка му рекла дека оттогаш се променила и повеќе не се чувствува пријатно поради тие работи, а сега ова момче ја прашува Деидре како да го реши тој проблем.

Деидре му одговорила: „Решението е ти да го промениш начинот на кој размислуваш во сексот. Твојата девојка била искрена со тебе и можеш да ѝ веруваш. Таа во минатото била поинаква, а и не е сè во позите и играчките. Вашата врска уште е на почеток и сè што можеш сега да направиш е да научиш како сексуално да ја задоволиш, а подоцна во врската може да зборувате за повозбудливи работи.“

извор:точка.ком.мк