Љубов и Секс

Внимавајте: Сексот во вода може да биде опасен!

Внимавајте: Сексот во вода може да биде опасен!

Многумина фантазираат за секс во море, но таа летна авантура може да ги чини здравје. Не е подобар ниту сексот во базен, а ова се причините поради кои тоа не би требало да го практикувате.

Водата ги мие природниот лубрикант

Ако не користите лубрикант, вашиот секс може да биде не само непријатен, туку и опасен по вашето здравје. Водата го мие и природниот лубрикант и тоа може да биде болно за двајцата партнери.

Кондомите и водата не одат заедно

Иако поголемиот дел од произведувачите тврдат дека нивните презеративи се отпорни на вода, тоа не значи дека во такви околности се целосно делотворни, ниту пак добри по здравјето.

Научниците тврдат дека хлорот од базените може да ги оштети кондомите и да ја намали нивната ефективност. Освен тоа, не е предвидено презеративите да се ставаат додека сте во вода.

Опасност од бактерии

Јавните базени и плажи може да бидат многу опасни по здравјето ако при сексот дојдете во допир со штетни бактерии. Морето, базените или пак кадите се преполни со разноразни бактерии.

Иако поголемиот дел не се штетни за луѓето, некои од нив преку полните органи можат да предизвикаат сериозни проблеми.

извор: кумановски муабети