Љубов и Секс

Вистинска љубов или авантура? Овие знаци кажуваат во каква врска сте

Вистинска љубов или авантура? Овие знаци кажуваат во каква врска сте

Ако мислите дека само вие се борите со ова прашање, сериозно се лажете. Многу жени и мажи тешко можат да одредат дали се гледаат со личност која е потенцијално нивна сродна душа или станува збор само за една минлива авантура.

За полесно да дојдете до одговорот, за вас издвојуваме знаци на кои треба да обрнете внимание.

1. Често немате тема за разговор
Ако не ви се случило нешто многу интересно или не се договарате каде би можеле да отидете, пронаоѓањето на теми за разговор ви изгледа како најтешкиот проблем на светот. Ако немате ист поглед кон светот, немате ист хумор и ставови, прилично е јасно дека мали се шансите за опстојување на вашата врска.

2. Вашите ставови не се поклопуваат
Токму како што наведовме во претходната точка, ако вашите ставови се спротиставуваат и ако едноставно немате ниту слични вредности (семејни, религиски, политички, здравствени…), нема смисол да го трошите вашето драгоцено време.

3. Поради него страдаат и други луѓе во вашиот живот
Иако периодот во кој сте „полудени“ по саканата личност е сосема нормален, постојат граници на толеранција. Ако забележите дека поради него сте ја запоставиле кариерата, пријателите и другите важни делови од вашиот живот, треба да се запрашате што добро ви носи врската со таа личност.

извор:точка.ком.мк