Љубов и Секс

Ве привлекува бившиот, но не сакате врска повторно: Науката има одговор за оваа дилема

Ве привлекува бившиот, но не сакате врска повторно: Науката има одговор за оваа дилема

Во првата студија, која ја спроведоа истражувачи на три престижни универзитети, 113 парови кои скоро се разделиле, одговарале на прашања во однос на бившите.

Дали би требало да ви испразнувате сексуалните односи со бившите партнери? За доброто на вашето емоционално здравје здравиот разум вели не.

Но, судејќи според две студии направени во наиучниот магазин, Archives od Sexual Behavior, сексот со бившиот партнер воопшто не е лоша работа и нема да го успори процесот на преболување, дури и ако раскинувањето е болно, пишува Максим.

ВВо првата студија, која ја спроведоа истражувачи на три престижни универзитети, 113 парови кои скоро се разделиле, одговарале на прашања во однос на бившите. Некои од прашањата биле дали имале физички контакт, колку приврзано со нив сте се чувствувале и како сте се чувствувале емотивно на крајот од денот.

Во второто истражување, кое го спроведоа истите експерти, 372 луѓе биле запрашанои како се чувствувале по сексот со бившиот односно дали и натаму биле емоционално врзани за нив.

Обете истражувања утврдија дека сексот со бившиот не предизвикува дополнително „кршење на срцето“, дури и ако тоа го направите повеќе пати, како што е случај со повеќето вклучени во истражувањето.

Натаму, оние кои рекле дека се чувствуваат повеќе емотивно врзани за своите бивши љубовници, најмногу барале секс, веројатно затоа што се обидуваат да ја пополнат болната емотивна дупка која настанала со разделбата.

Но, можеби и најважно , експертите открија дека сексуалниот однос со бившите не предизвикал поедицни да се чувствуваат лошо поради раскинувањето. Напротив, се чувствувале попозитвно поради целата ситуација.

Предовдничката на истражувањето, Стефани Спилман, вели дека наместо да се осудуваме со задоволство треба да се посветиме за критичките мисли за мотивацијата зад желбата за сексот со бившиот.