Љубов и Секс

„Убијци“ на страсти во креветот: Жените открија што ја уништува нивната желба за секс со партнерот

„Убијци“ на страсти во креветот: Жените открија што ја уништува нивната желба за секс со партнерот

Мажите мислат дека знаат кои работи најмногу ги возбудуваат жените во кревет – кога нежно и темелно ја допираат партнерката по одредени делови од телото, кога отворено експериметираат и ги задоволуваат нејзините потреби.

Меѓутоа, со еден лош потег можат за момент да ги уништат сите страсти и прекрасното расположение на нивната партнерка.

А, кои се тие потези за „убивање“ на романтиката, откриле корисничките на британскиот портал „Dailystar“ во спроведената анкета.

Конкретно, прашањето гласело: „Драги дами, што најмногу ви создава одбивност за време на сексот?“.

Понудени биле одговорите:
– влакна на интимните делови;
– лош здив;
– лоша хигиена;
– премалку предигра;
– гледање во мобилниот телефон за време на сексот.

Во анонимната анкета учествувале 3.3000 жени, а резултатите биле јасни: на првото место се нашла причината – недостаток на хигиена, односно доколку партнерот непријатно мириса, има неизмиени, валкани нозе или пак валкан е под ноктите.

На второто и третото место се нашле прекратката предигра, како и непријатниот здив во устата.

10 отсто од испитаничките се изјасниле дека доколку нивниот партнер за време на сексот гледа во неговиот мобилен телефон, тоа ќе им ја уништи желбата за секс.

Добра вест: против „убијците“ на страстите, како заедничко средство на паровите е – заедничкото туширање.

извор:супермен/точка.ком.мк