Љубов и Секс

Трите најстрасни хороскопски знаци

Трите најстрасни хороскопски знаци

Според Зодијакот, за овие хороскопски знаци важи дека се многу страсни во љубовта и љубовните врски.

Станува збор за луѓето родени во знакот на Бик, Скорпија и Вага.

Бик

За Биковите важи дека се креативни луѓе кои својата фантазија ја внесуваат во љубовта и сексуалниот живот. Тие уживаат во еротската енергија и често очекуваат од партнерот да ги исполни неговите потреби.

Биковите се сензуални и страсни, а предноста да ги имате како партнер е тоа што се лојални.

Скорпија

 

Скорпиите се најсензуалниот знак. Тие се многу страсни и за низ интимноста е сериозна работа. Кај партнерот бараат интелигенција и почит. Поголем дел од предиграта се случува надвор од спалната соба, во облик на разговор и набљудување. Кога се вљубени, Скорпиите се посветени и лојални до крај.

Вага

Сакаат да флертуваат и се трудат да остават траен впечаток. Како љубовници се креативни, стабилни и се трудат да ја одржат рамнотежата во врската, ќе направат сè што е потребно за партнерот во целост да биде задоволен, почнувајќи од разговор па до водење љубов. Имаат голем шарм и многу се посветени, што ги прави неодоливи партнери.

извор: Kajгана