Љубов и Секс

Три типови на жени кои мажите ги избегнуваат

Три типови на жени кои мажите ги избегнуваат

Не успевате да останете во сериозна врска? Можеби проблемот не е во партнерот, туку во вас.

Cosmopolitan наведува три типови на жени со кои ниту еден маж не може да издржи да биде во врска.

Разгалени принцези

Овие жени сакаат светот да се врти околу нив и да се во центарот на вниманието. Затоа партнерот го третираат како слуга.

Секако, другите не се важни и мислат само на себе. Кога нешто не им одговара, секогаш прават скандал.

Драма кралици

Со ваквите жени е невозможно да се опуштите затоа што се како темпирана бомба која може да експлодира во секој момент.

Без оглед на тоа каде се наоѓаат, може да избувнат и за најмала ситница.

Искомплексирани

На мажите им е напорно да бидат во врска со жена на која секој ден треба да ѝ повторуваат дека е убава и згодна. Мажите сакаат жени со самодоверба.

Жените кои се искомплексирани со својот изглед, обично се љубоморни на пријателките и колешките на својот партнер, особено на оние кои се поубави од нив.