Љубов и Секс

Три правила во сексот кои секој треба да ги знае

Три правила во сексот кои секој треба да ги знае

Сексот е забавен, прекрасен, магичен, но не сите сексуални искуства се толку забавни и убави.

Кога станува збор за сексот, постојат неколку факти или правила за коишто не се зборува, а сепак сите ги знаат, односно се свесни за нив.

Ова се некои од нив:

Предиграта е важна

Секако дека понекогаш брзиот и див секс е супер опција кога немате време да поминете часови во кревет, но кога ќе имате – тогаш предиграта треба да биде задолжителна.

Помеѓу останатото, и истражувањето од списанието Journal of Sex Research откри дека жените сакаат предигра која ќе трае помеѓу 11 до 13 минути, а потоа сексуален однос кој ќе трае 14 до 16 минути. Тоа значи дека сексот со предиграта треба да трае од 25 до 30 минути за целосно уживање.

Првиот секс со партнерот е чуден

Првпат сте заедно и не ги знаете потребите, желбите, какви пози сака, дали ќе биде добар/а.

Милион прашања ви се мотаат по глава, но сè што треба да направите е да се опуштите и да се препуштите на уживањето. Кога ќе се навикнете еден со друг ќе имате совршен секс.

Сексот е смешен

Испуштате чудни звуци, правите урнебесни гримаси, а разните пози ви прават да се насмеете од задоволство.

Кога нешто ќе ви стане смешно, насмејте се. Не допуштајте да се чувствувате непријатно бидејќи не треба да биде така. Ваквите ситуации им се случуваат на сите.

извор:курир.мк